Ердоган: Ќе продолжиме да се наоѓаме на теренот се додека не се воспостави стабилноста на нашата јужна граница

Претседателот Ердоган во врска со борбата против тероризмот истакна дека Турција ќе продолжи да се наоѓа на теренот се додека не се воспостави стабилноста на нејзината јужна граница

1502174
Ердоган: Ќе продолжиме да се наоѓаме на теренот се додека не се воспостави стабилноста на нашата јужна граница

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска од дворецот Вахдеттин во Истанбул преку пренос во живо учествуваше на церемонијата на свечено ставање во употреба на неколку новоизградени објекти.

Претседателот Ердоган се осврна на борбата против тероризмот и истакна дека Турција ќе продолжи да се наоѓа на теренот се додека не се воспостави стабилноста на нејзината јужна граница.

Тој рече: „Терористичките области коишто сѐ уште ги има во Сирија или ќе бидат исчистени онака како што ние е ветено (од страна на САД и Русија) или ние ќе одиме и самите е го направиме тоа.“

Ердоган напомена дека тоа што Турција и покрај тоа што се наоѓа точно во средиштето на кризните центри во светот стои цврсто исправена на нозе, освен на нејзиното единство и заедништво се должи на нејзината цврста инфраструктура во секоја сфера. 

Велејќи дека градот Хатај се наоѓа на чело на градовите кои платија најмногу цена, сносија најголем товар во прашањето со Сирија, Ердоган рече: „Додека го срушивме терористичкиот коридор за којшто беа водени обиди да се формира во должина на нашите граници, го покажавме и тоа дека нашите сириски браќа не се сами. Терористичките области коишто сѐ уште ги има во Сирија или ќе бидат исчистени онака како што ние е ветено (од страна на САД и Русија) или ние ќе одиме и самите е го направиме тоа.“

„Оние кои не можат да им кажат ништо на терористичките организации и силите од чија страна се користат, кога е во прашање Турција ги оставаат на страна секој вид морален принцип, секоја праведност и секое право. Но тие не можеа да не одвратат, и не ќе можат да не одвратат од нашиот пат.“ - рече Тој.

Подвлекувајќи дека апсолутно нема да прифафат ниту еден чекор којшто ќе доведе до доживување на една нова човечка трагедија во Идлиб, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Ќе продолжиме да ги вознемируваме оние кои гајат непријателство против оваа земја и овој народ.“



Слични вести