Претседателот Ердоган: Борбата ќе продолжи се додека Нагорно Карабах не биде ослободен од окупација

Претседателот Ердоган истакна дека борбата ќе продолжи се додека Нагорно Карабах не биде ослободен од ерменска окупација

1501875
Претседателот Ердоган: Борбата ќе продолжи се додека Нагорно Карабах не биде ослободен од окупација

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на отворање на градската болница во градот Конја кадешто истакна дека Ерменија уште додека проблемот Нагорно Карабах се уште не е решен повторно реализираше напади, меѓутоа овојпат се соочи со неочекуван резултат.

Ердоган рече дека борбата ќе продолжи се додека Нагорно Карабах не биде ослободен од ерменска окупација. 

Велејќи дека братски Азербејџан започна голема операција за ослободување на Нагорно Карабах од окупација и дека азербејџанската армија која досега напредува успешно ослободи од окупација голем број места, претседателот Ердоган рече: „Со сите наши можности и со нашето срце стоиме и ќе стоиме покрај пријателски и братски Азербејџан. Оваа борба ќе продолжи се додека Нагорно Карабах не биде ослободен од окупација.“  

Претседателот Ердоган се осврна и на случувањата во Источниот Медитеран во врска со што истакна дека Турција со постигнатиот договор со Либија значаен дел од Источниот Медитеран претвори во своја легитимна сфера на активности, е дека се водат обиди Турција  

„Сликата којашто ќе се појави кога ќе ги поврзете кризните точки коишто се протегаат од Сирија до Средоземното Море и Кавказ, е тоа дека се водат обиди за опсада на Турција“, рече Ердоган и појасни дека додека се бранат целовитоста на Турција, единството на турскиот народ и силата на државата, од друга страна се ставаат во живот чекорите со коишто ќе се разбие оваа опсада.

Укажувајќи на тоа дека оние кои со празни закани и празни уцени не можеа да ја пронудат Турција да фрли чекор назад во Источниот Медитеран, беа приморени да ги слушнат нејзините повици за дијалог, претседателот Ердоган рече: „Оние кои прават пресметка да ни се закануваат во Сирија, треба да увидат дека не им остана шанса да успеат. Секое место коешто претставува закана за нашата земја, за нас претставува сфера на делување.“



Слични вести