Министерството за национална одбрана сподели видео со поддршка на Азербејџан пред ерменските напади

Во видеото објавено преку профилите на Министерството за национална одбрана на социјалните медиуми, освен снимки од неодамна реализираната заедничка воена вежба се наоѓаат и моменти од уништување на различна муниција и воени возила на ерменската армија

1501885
Министерството за национална одбрана сподели видео со поддршка на Азербејџан пред ерменските напади

Министерството за национална одбрана објави видео со снимки од неодамна реализираната заедничка воена вежба помеѓу Турција и Азербејџан, а во знак на поддршка на Азербејџан кој беше подложен на нападите на Ерменија.

Во видеото објавено преку профилите на Министерството за национална одбрана на социјалните медиуми, освен снимки од неодамна реализираната заедничка воена вежба се наоѓаат и моменти од уништување на различна муниција и воени возила на ерменската армија. 

Во видеото во кое се употребува песната на Есат Кабакли „Знај сине“ (Bil Oğlum) се напишани и зборовите на оваа патриотска песна во кои се вели „Згази го оној кој ги вперил своите очи кон твојата татковина. Насети сине, кој е твојот пријател, а кој непријател. Напиши ја твојата историја со твојата чест.“

Видеото завршува со изразот „Сѐ за татквоната“ и со турски и азербејџански знамиња.

За кусо време ова споделено видео од страна на Министерството за национална одбрана на својот профил на социјалните медиуми, беше лајкувано и споделено од страна на голем број корисници.



Слични вести