Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во понеделник ќе допатува во посета на Турција

Според објавеното соопштение од НАТО, генералниот секретар идната недела ќе ги посети најпрвин Турција (на 5 октомври, во понеделник), а потоа и Грција на (6 октомври, во вторник)

1501900
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во понеделник ќе допатува во посета на Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во понеделник (5 септември, 2020 година) ќе допатува во посета на Турција.

Според објавеното соопштение од НАТО, генералниот секретар идната недела ќе ги посети Турција и Грција.

Јенс Столтенберг, во рамките на своите разговори во Анкара во понеделник ќе оствари средби со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и со други високи турски функционери.

Потоа, Столтенберг, наредниот ден во вторникот, ќе замине за Атина кадешто ќе се состане со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, министерот за надворешни работи Никос Дендиас и со министерот за одбрана Никос Панагиотопулос.

Инаку, по разговорите коишто продолжуваат извесно време помеѓу Турција и Грција, НАТО вчера соопшти дека е формиран механизам во врска со „методите на разградување“ по прашањето на Источниот Медитеран.



Слични вести