Чавушоглу: Ќе продолжиме со одлучност да ги браниме правата на нашиот народ во рамките на меѓународното право

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека ќе продолжат со одлучност да се бранат правата на турскиот народ во рамките на меѓународното право

1501524
Чавушоглу: Ќе продолжиме со одлучност да ги браниме правата на нашиот народ во рамките на меѓународното право

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека договорот за морските граници постигнат со Либија е регистриран од страна на Обединетите нации (ОН).

Чавушоглу истакна дека ќе продолжат со одлучност да се бранат правата на турскиот народ во рамките на меѓународното право.

„Ќе продолжиме со одлучност да ги браниме правата на нашиот народ во рамките на меѓународното право.“ - напиша министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер. 

Министерот за енергија и придони ресурси Фатих Донмез, во објавата што ја сподели исто така на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека со регистрирањето (ратификувањето) од страна на Обединетите нации (ОН) на договорот за морските граници потпишан помеѓу Турција и Владата на Либија, уште повеќе е зајакнета политиката којашто ја води Турција во Средоземното Море, а која се потпира на меѓународното право, правдата и правичноста.“

Министерот Донмез напиша: „Како што велиме секогаш, во Средоземното Море нема ниту да посегнеме по нечие право, а ниту нема да се откажеме од нашето право.“

Во споделената објава и од страна на Министерството за национална одбрана, по прашањето, се вели следното: „Ќе продолжат нашите мултилатерални односи со Либија коишто се потпираат на 500 годишна заедничка историја и ќе продолжиме да ја доставиваме нашата поддршка во обука, доставување помош и кунсултантска поддршка на Владата на национално единство која е призната од страна на Обединетите нации (ОН).“

 



Слични вести