Чавушоглу: „Ако Азербејџан сака, Турција нема да се двоуми да пружи помош“

Ако меѓународната заедница навистина сака да стори нешто, тогаш Ерменија веднаш треба да ја повлече од окупираните азербејџански територии.

1501901
Чавушоглу: „Ако Азербејџан сака, Турција нема да се двоуми да пружи помош“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече: „Ако Азербејџан сака, Турција нема да се двоуми да пружи поддршка.“

Чавушоглу на заедничката прес конференција со италијанскиот колега Луиџи Ди Маио во Рим, се осврна на на судирот меѓу Азербејџан и Ерменија.

Турција секогаш е на сграната овој проблем да се реши по мировни патишта, во рамките на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), потсети Чавушоглу.

"До денес не е преземен ниту еден чекор. Азербејџан има моќ да ги поврати своите земји. Азербејџан за да прогласи прекин на огнот, Ерменија треба да се повлече од окупираните територии. Азербејџан до денес немаше никакво конкретно барање од нас, но ако се случи, ние ќе го поддржиме, без оглед на тоа кој што ќе каже.“

Посочувајќи дека несолвентноста на судирите во Нагорно Карабах меѓу Ерменија и Азербејџан ја „охрабрува“ Ерменија и ја „охрабрува да напаѓа“, Чавушоглу подвлече дека ова не може да продолжи вака и овој проблем треба да се реши од корен.

Чавушоглу рече дека ако меѓународната заедница навистина сака да стори нешто, тогаш Ерменија веднаш треба да ја повлече од окупираните азербејџански територии.

Министерот Чавушоглу подвлече дека Турција ќе ги поддржи сите напори на тоа поле..

Чавушоглу изјави дека мирот и стабилноста во регионот ќе бидат во најдобар интерес на Ерменија.

„Дали повеќе сакате мир и спокој или војна? Ерменија мора да донесе одлука по ова прашање“ рече Чавушоглу.

Надозврувајќи се и на случувањата во Источниот Медитеран, министерот за надворешни работи Чавушоглу рече:

„Ако Европската унија (ЕУ) сака да стане глобална организација, треба да може на Грција да и каже дека не сте во право. Со некои гестови покажавме дека сме добронамерни. Исто така, покажавме дека сме решени да ги заштитиме своите права. Ајде да работиме заедно за фер споделување. Овде е важен патот на ЕУ.“



Слични вести