Турција му испрати 300 илјади заштитни маски на Пакистан во борбата против Ковид-19

Авионот во сопственост на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) утрово пристигна на меѓународниот аеродром во главниот град Исламабад кадешто беше пречекан од страна на црвените полумесечини на Турција и Пакистан

1500628
Турција му испрати 300 илјади заштитни маски на Пакистан во борбата против Ковид-19

Турција, во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), му испрати помош на Пакистан составена од 300 илјади заштитни маски.

Авионот во сопственост на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) утрово пристигна на меѓународниот аеродром во главниот град Исламабад кадешто беше пречекан од страна на црвените полумесечини на Турција и Пакистан.

Претседателот на делегацијата на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ во Пакистан Ибрахим Карлос Камило истакна дека во рамките на борбата против пандемијата на Ковид-19 се преземени 300 илјади заштитни маски KN-95 кои ќе и бидат донирани како неповратна помош на пакистанската Влада.

Камило рече дека по завршување на царинските постапки маските во рамките на соработката со пакистанската Црвена полумесечина во рок од неколку дена ќе им бидат предадени на надлежните.

Одговорниот за логистика на пакистанската Црвена полумесечина Мухамад Амин исто така истакна дека од турската Црвена полумесечина се добиени 300 илјади заштитни маски и дека овие маски ќе бидат раздадени во различни области на земјата, а воедно и се заблагодари на турската Црвена полумесечина за испратената помош.



Слични вести