Реакција од амбасадорот на Турција во САД Сердар Килич против Џо Бајден

На споделената објава од страна на кандидатот на Демократите за претседател на САД и поранешен американски потпретседател, по прашањето на Нагорно Карабах, пристигна реакција и од амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар

1500766
Реакција од амбасадорот на Турција во САД Сердар Килич против Џо Бајден

Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич покажа реакција против споделената објава преку социјалната медија  од страна на Џо Бајден, кандидатот на Демократите за претседател на Соединетите Американски Држави (САД) и поранешен американски потпретседател, по прашањето на Нагорно Карабах.

Амбасадорот Килич своето соопштение коешто го објави како одговор на споделената објава на Бајден го истакна следното: „Господине потпретседател (поранешен американски потпретседател), доколку избегневте да од еднаков третман на жртвата и напаѓачот (оние чии територии се окупирани и окупаторот) и побаравте од управата на Трамп (претседателот Доналд Трамп) да ја поттикнува Ерменија да се повлече од сите незаконски окупирани азербејџански територии, во согласност со резолуциите на Обединетите нации, тоа ќе беше праведно (фер).“

Инаку, кандидатот на Демократите за претседател на САД и поранешен американски потпретседател Џо Бајден, на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Додека растат брзо човечките загуби во Нагорно Карабах и околината, администрацијата на Доналд Трамп (претседателот на САД) би требало да ги повика лидерите на Ерменија и Азербејџан веднаш да ја намалат затегнатоста. Освен тоа треба да побара од земјите како Турција да останат надвор од овој конфликт.“

 



Слични вести