Претседателот на Собранието Шентоп: Турција како досега, така и во иднина ќе стои покрај Азербејџан

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека Турција како досега, така и во иднина ќе стои покрај Азербејџан

1501094
Претседателот на Собранието Шентоп: Турција како досега, така и во иднина ќе стои покрај Азербејџан

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во говорот што го одржа по отворањето на првата сесија на Пленарната седница на Собранието по повод отворањето на четвртата законодавна година на 27. состав на Собранието, истакна дека Турција како досега, така и во иднина ќе стои покрај Азербејџан. 

Шентоп рече: "Очекувањето на нашиот народ од нас на 100-годишнината од отвотењето на нашето големо Собрание, е и покрај нашите разлики во мислата и начинот на сфаќање да делуваме со компромис на овој пат, да соработуваме за остварување на нашите национални интереси."

Претседателот на Собранието Шентоп во врска со случувањата помеѓу Ерменија и Азербејџан го истакна следното: "Турција како досега така и во иднина ќе заземе место покрај Азербејџан во неговата праведна кауза и одбраната на својата татковина."

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп напомена дека единствената мерка на Турција во Источниот Медитеран, на Блискиот исток и на сите други делови во светот, е да делува земајќи го за основа остварувањето на честа и интересите на народот, светскиот мир и правдата за целото човештво.



Слични вести