Претседателот Ердоган преку видео порака се обрати на Самитот за биолошка разновидност на ОН

Претседателот Ердоган во своето обраќање истакна дека Турција не се наоѓа само на раскрсница кадешто се пресекуваат континентите и културите, туку истовремено е раскрсница и на климатските услови

1500508
Претседателот Ердоган преку видео порака се обрати на Самитот за биолошка разновидност на ОН

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видео порака се обрати на Самитот за биолошка разновидност организиран во рамките на состаноците на 75. заседание на Генерално собрание на Обединетите нации (ОН).

Претседателот Ердоган во своето обраќање нагласи дека пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) вон тоа што е здравствен проблем, е едната и од рефлексиите на нарушувањето во екосистемот.

Укажувајќи на тоа дека Турција се наоѓа во три различни климатски појаси и три биогеографски области, Ердоган рече дека Турција не се наоѓа само на раскрсница кадешто се пресекуваат континентите и културите, туку истовремено е раскрсница и на климатските услови.

Тој напомена дека и покрај тоа што историската одговорност на Турција е сосема мала или нема никаква историска одговорност, Таа зазема место во првите редови во борбата против климатските промени, а воедно го рече следното: „Освен тоа ние даваме поддршка и на напорите во правец на заштитата на биолошката разновидност, нејзиното одржливо искористување и реставрацијата.“

„Турција во 2022 година ќе биде домаќин на 16-тата конференција на земјите потписнички на Конвенцијата за биолошка разновидност на Обединетите нации и ќе го извршува двогодишното претседателствување со оваа конвенција, така да во овој процес ќе одигра предводничка улога во преземањето на неопходните чекори за заштита на биолошката разновидност и одржливиот развој.“ - рече претседателот Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање преку испратената видео порака, воедно го достави и следното предупредување: „Наредните 10 години ќе ја определат судбината на човештвото. За постигнување на целите за одржлив развој постои потреба од заштита на биолошката разновидност.“

 



Слични вести