Претседателот Ердоган му честита на новиот емир на Кувајт Шеик Наваф

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му честита на Шеик Нaваф ал-Ахмед ал-Џабир ал-Сабах поради неговото именување за нов Емир на Кувајт и истакна дека посакуваат уште повеќе да ги развијат исклучителните односи помеѓу Турција и Кувајт

1500460
Претседателот Ердоган му честита на новиот емир на Кувајт Шеик Наваф

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со новиот емир на Кувајт Шеик Нaваф ал-Ахмед ал-Џабир ал-Сабах.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор му посака милост од Аллах на починатиот 91-годишен емир на Кувајт Шеик Сабах ал-Ахмед ал-Џабир ал-Сабах од чија смрт рече дека чувствува длабоко жалење и го достави своето сочувство до семејството и пријателскиот кувајтски народ.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така му честита на Шеик Нaваф ал-Ахмед ал-Џабир ал-Сабах поради неговото именување за нов емир на Кувајт и истакна дека посакуваат уште повеќе да ги развијат исклучителните односи помеѓу Турција и Кувајт коишто својата сила ја добиваат од меѓусебните коренити историски и културни врски.

Претседателот Ердоган изрази уверување дека блиската соработка помеѓу двете земји ќе придонесе за воспоставување на средината на мир и стабилност во регионот.

 



Слични вести