Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана во Анкара со својот либиски колега Немруш

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, министерот Хулуси Акар својот либиски колега Немруш го пречека со воена церемонија во Министерството за национална одбрана во Анкара

1501131
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана во Анкара со својот либиски колега Немруш

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со либискиот министер за одбрана Селахадин Немруш.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, министерот Хулуси Акар својот либиски колега Немруш го пречека со воена церемонија во Министерството за национална одбрана во Анкара.

Потоа двајцата министри за одбрана преминаа на средба лице в лице и разменија мислења во врска со последната состојба во Либија.

На средбата, министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција ќе продолжи да им дава обука во воената и безбедносната сфера, да им доставува помош и да им дава консултантска поддршка на своите либиски браќа, а воедно напомена дека Турција ја поддржува стабилна, независна и суверена Либија. 

 



Слични вести