Ердоган: Патот на трајниот мир поминува од повлекување на Ерменците од секоја педа окупирана азербејџанска територија

Претседателот Ердоган истакна дека патот на трајниот мир во овој регион поминува од повлекување на Ерменците од секоја педа окупирана територија на Азербејџан

1500984
Ердоган: Патот на трајниот мир поминува од повлекување на Ерменците од секоја педа окупирана азербејџанска територија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се обрати пред пратениците по повод отворањето на новата четврта законодавна година на 27. состав на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Претседателот Ердоган истакна дека Турција стои покрај Азербејџанците кои водат борба против ерменската окупација.

Ердоган го рече следното: „Нашето Собрание им дава искрена поддршка на нашите браќа секаде од Турците на Кипар и Азербејџан до Балканот и Северна Африка, покажа дека заедно со нашиот народ е извор на надеж и на сите наши пријатели.“

Велејќи „Како Турција, со сите наши можности и со целото наше срце ќе продолжиме да им даваме поддршка на нашите азербејџански браќа со кои сме 'две држави, еден народ' “, Ердоган го подвлече следното: „Патот на трајниот мир во овој регион поминува од повлекување на Ерменците од секоја педа окупирана територија на Азербејџан.“

„Управата на Ерменија не ќе може да го спаси и обидот со којшто оставајќи настрана сѐ упорно се обидува да ја клевети Турција“, - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и го додаде следното: „Ги предупредувам оние кои и даваат поддршка на оваа ајдучка држава (Ерменија), по прашањето на тоа дека ќе се побара сметка од нив пред заедничката совест на човештвото.“

Во врска со повикот што го упати ерменскиот премиер Никол Пашинјан до меѓународната заедница за „Да се овозможи Турција да не е инволвирана (вклучена) во ерменско-азербејџанското недоразбирање во Нагорно Карабах“, Ердоган го рече следното: „Нема да го прашуваме Пашинјан за тоа што ќе правиме. Ние одлуката за тоа ја донесовме самите.“

Осврнувајќи се и на борбата против тероризмот, претседателот Ердоган во своето обраќање нагласи дека антитерористичките операции ќе продолжат се додека не бидат целосно елиминирани терористичките гнезда на границата со Ирак.

Тој подвлече дека Турција не е во потрага по конфликт, затегнатост и беззаконие и рече: „Ние застануваме во одбрана на нашите права. Нашиот приоритетен избор е недоразбирањата во врска со споделувањето на политичкиот и економскиот потенцијал во Средоземното Море да се решат на основа на правичност.

Ердоган нагласи дека Европската унија (ЕУ), како заробеник на разгаленоста на Грција и Кипарско-грчкиот дел, е преобразена во неефикасна и плитка структура без хоризонт.

„Не постои ниту еден проблем кој што се појавил во нашиот регион и кој е решен со иницијативата и тежината на Европската унија (ЕУ). Спротивно на тоа, секоја криза во која е инволвирана (вклучена) Унијата, добила нови димензии и пораснала.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање пред пратениците во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) се осврна и на Палестинското прашање и особено на градот Ерусалим (Кудс).

„Во овој град (Ерусалим т.е. Кудс) којшто за време на Првата светска војна бевме примерени да го напуштиме со солзи во очите, се уште можат да се видат трагите на Османлискиот отпор. Односно Ерусалим (Кудс) е наш град, еден од нашите градови. Да ги изнесуваме на секоја платформа правата на угнетениот палестински народ. го прифаќаме за чест во име на нашата земја и на нашиот народ.“



Слични вести