Чавушоглу во посета на Кувајт за изразување сочувство по повод смртта на емирот Шеик ал-Сабах

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу на аеродромот беше пречекан од страна на кувајтскиот министер за надворешни работи Ахмед Насер ал-Сабах

1500972
Чавушоглу во посета на Кувајт за изразување сочувство по повод смртта на емирот Шеик ал-Сабах

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу отпатува во посета на Кувајт за изразување сочувство по повод смртта на 91-годишниот емир на оваа земја Шеик Сабах ал-Ахмед Ал-Џебир ал-Сабах.

Министерот Чавушоглу на аеродромот беше пречекан од страна на кувајтскиот министер за надворешни работи Ахмед Насер ал-Сабах.

Двајцата шефови на дипломатии потоа одржаа средба на аеродромот.

Инаку, 91-годишниот емир на Кувајт Шеик Сабах ал-Ахмед Ал-Џебир ал-Сабах почина на 29 септември, во вторникот.

Потоа кувајтскиот Министерски совет соопшти дека за нов емир на земјата е наименуван 83-годишниот престолонаследник Шеик Наваф ал-Ахмед ал-Џабир ал-Сабах кој положи заклетва вчера (30 септември 2020 година, среда) и стапи на должност.



Слични вести