Реакција од Алтун против политичарите на САД кои ја користат Турција како средство во изборниот процес

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун покажа остра реакција против американските политичари кои ја користат Турција како средство во процесот на претседателските избори во нивната земја

1500229
Реакција од Алтун против политичарите на САД кои ја користат Турција како средство во изборниот процес

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун покажа остра реакција на користењето на Турција како средство во процесот на претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД).

Алтун во својата споделена порака по ова прашање на англиски јазик преку социјалната медија, ги повика политичарите на САД да бидат конструктивни.

Велејќи дека вознемирува тоа што односите помеѓу Турција и САД се доведуваат во состојба на средство во процесот на претседателските избори, Фахреттин Алтун го истакна следното: „Особено земјите кои се НАТО сојузници треба да избегнуваат конфронтација во однос на овие видови прашања. Ваквите однесувања кон Турција, нема да претставуваат пречка пред нас да бидеме покрај нашите азербејџански браќа. И покрај тоа што позицијата на Турција е во усогласеност со меѓународното право, некои политичари на САД затегнатоста во регионот ја користат за да ја добијат поддршката на ерменските лоби средини на изборите во нивната земја.“

Алтун напомена дека Турција посакува мир и стабилност во регионот и го подвлече следното: „Ќе продолжиме да бидеме покрај Азербјџан.“



Слични вести