Претседателот Ердоган испрати писмо до лидерите на ЕУ

Нашата источномедитеранска политика има две главни цели

1500299
Претседателот Ердоган испрати писмо до лидерите на ЕУ

Преседателот Реџеп Тајип Ердоган, испрати писмо до претседателите на институциите на ЕУ и лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ), во кое ги изнесе пристапот на Турција кон Источниот Медитеран и и предлогот за решавање на проблемот.

Ердоган во во своето писмо рече: „Нашата источномедитеранска политика има две главни цели. Прво, правично и праведно разграничување на подрачјата на поморската јурисдикција во Источен Медитеран во согласност со меѓународното право и заштита на нашите суверени права и овластувања на нашиот континентален гребен. Втората цел е  земање под гаранција на еднаквите и рамноправни права на Кипарските Турци во својство на рамноправни партнери на Кипар во однос на јаглеводородните извори. Исто така уште еднаш да ја изразам подготвеноста на Турција за дијалог со Грција без предуслови. Во оваа прилика сакам да ви го привлечам вниманието  дека уште од самиот почеток ја поддржуваме иницијативата за разграничување на генералниот секретар на НАТО за на поморските и воздушни сегменти, која има за цел да се намали напнатоста во регионот.“

Во писмото испратено до земјите членки на ЕУ, освен Грција и Кпарско грчкиот дел, претседателот Ердоган потенцираше дека изнаоѓањето праведно и мирно решение на Источномедитеранското прашање е заедничка одговорност на сите.

„Затоа треба да се поддржат иницијативите за соработка и дијалог, да се избегнат чекорите и одлуките коишто дополнително можат да ја влошат тековната криза. Наша искрена желба е да се ажурира меморандумот од 18 март, земајќи ги предвид денешните услови како и односите меѓу Турција и Еу и тоа од сите аспекти. Врз база на тоа да постигнеме псотепен напредок согласно заедничките интереси. Верувам дека патот за постигнување на сите овие цели поминува низ остварување соработка во борбата против илегалните миграции, тероризмот, потоа остварување соработка во меѓусебната трговија, енергијата и низа други различни прашања кои се од животно значење за нашите заеднички интереси, поради што ја очекувам вашата драгоцена поддршка.“



Слични вести