Портпаролот Калин оствари телефонски разговор со Советникот О’Брајан

На средбата беше наведено дека Ерменија треба да стави крај на нападите врз Азербејџан

1499818
Портпаролот Калин оствари телефонски разговор со Советникот О’Брајан

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин оствари телефонски разговор со Советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Роберт О’Брајан.

Според писменото соопштение кое беше обајвено од портпаролството на претседателството, на средбата беа разменети мислења во врска со  билатералните односи, ерменски напади врз Азербејџан, развојот на случувањата во Источниот Медитеран и регионалните прашања.

На разговорот беше изнесен дека Турција ќе продолжи да го поддржува територијалниот интегритет и независноста на Азербејџан, додека од суштинско значење е повлекувањето на Ерменија од Нагорно-Карабах и околните окупирани територии за постигнување регионален мир и стабилност.

На средбата беше наведено дека Ерменија треба да стави крај на нападите врз Азербејџан и да се преземат чекори во рамките на одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а исто така беше изразено очекувањето од САД да покаже урамнотежена и непристрасна улога во Источниот Медитеран.

Процесот на дијалог и соработка кој се остварува благодарение на конструктивниот став на Турција не треба да биде невозвратен, бидејќи поддржувањето на овој став ќе одира голема улога во воспоставувањето на регионалниот мир. На разговорот уште еднаш беше потенцирано на значењето на развој на економските односи меѓу Турција и САД.



Слични вести