Нагорно Карабах е азербејџанска територија и Ерменија на овие простори е окупатор

Нападот на Ерменија врз цивилните населби (во Азербејџан) е отворена и бесрамна повреда на меѓународното право

1499791
Нагорно Карабах е азербејџанска територија и Ерменија на овие простори е окупатор

 

Портпарол на Партијата за правда и развој Омер Челик рече: "(Нагорно) Карабах е азербејџанска територија и Ерменија на овие простори е окупатор.“

Портпаролот Челик одржа прес-конференција додека траеше состанокот на Централниот извршен одбор (МЈК) во седиштето на партијата и рече:

„Нападот на Ерменија врз цивилните населби (во Азербејџан) е отворена и бесрамна повреда на меѓународното право. Меѓународната заедница треба да ја осуди Ерменија“.

Нагласувајќи дека Азербејџан има право да ги брани своите територии, Омер Челик во продолжене рече дека „Регионот (Нагорно) Карабах е азербејџанска територија и  Ерменија на овие простори е окупатор.

Турција и Азербејџан се две земји кои споделуваат иста судбина, иста иднина, имаат исти вредности.

„Турција секогаш ќе биде на страната на Азербејџанските браќа и тоа како што тие сакаат и на кој начин сакаат.



Слични вести