МНО: Ерменија исто како за време на геноцидот во Хоџали во 1992 година и денеска ги напаѓа цивилите

Министерството за национална одбрана објави слики и видео снимка од извршениот геноцид од страна на Ерменија во Хоџали во Азербејџан во 1992 година, како и од нападите врз цивилите коишто ги извршува оваа земја и денеска пред очите на целиот свет

1500301
МНО: Ерменија исто како за време на геноцидот во Хоџали во 1992 година и денеска ги напаѓа цивилите

Министерството за национална одбрана објави слики и видео снимка  од извршениот геноцид од страна на Ерменија во Хоџали во Азербејџан во 1992 година и истакна дека Ерменија и денеска пред очите на целиот свет извршува напади врз цивилите. 

Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер беше покажана реакција против нападите на Ерменија врз цивилните населени места во Азербејџан.

Во објавата беше споделено видео во кое се презентираат пред очите геноцидот кој го изврши Ерменија во областа Нагорно Карабах во Азербејџан во 1992 година, како и извршените ерменски напади врз областа Товуз пред извесно време.

Во споделената објава се вели следното: „Ерменија која изврши геноцид во Хоџали без да прави разлика меѓу деца, жени и старци, и ги окупира азербејџанските територии, ѝ денеска пред очите на целиот свет извршува напади против невините цивили. Ерменија исто како и пред 30 години на ист начин делува и денеска, како непријател на мирот и спокојството.“

Во споделената видео снимка пак, се истакнува следното: „Уште без да стивне доживеаната болка пред 30 години во Хоџали, невините животи денеска изгореа со ист оган.“



Слични вести