Претседателот Ердоган со порака преку социјалната медија во врска со политиката на Турција во Источниот Медитеран

Претседателот Ердоган во оваа своја објава истакна дека политиката на Турција во Источниот Медитеран се издигнува над две основи (две камени тамелници)

1499007
Претседателот Ердоган со порака преку социјалната медија во врска со политиката на Турција во Источниот Медитеран

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели визуелна објава под наслов „Политиката на Турција во Источниот Медитеран“.

Претседателот Ердоган во оваа своја објава истакна дека политиката на Турција во Источниот Медитеран се издигнува над две основи (две камени тамелници) и го напиша следното:

„Одбрана на нашите суверени права во нашиот континентален гребен со правично и праведно(фер) разграничување на сферите на надлежност во морето во усогласеност со меѓународното право, загарантирање на правата и интересите на кипарските Турци над јаглеводородните ресурси на како рамноправен партнер на островот (Кипар).“

Освен тоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата споделена објава го истакна и следното: „Онака како што немаме претензии кон ничие право, нема да дозволиме да се одземе и нашето право. Нема да потклекнеме пред јазикот на закана, притисок и уцена во Источниот Медитеран.“



Слични вести