Претседателот Ердоган и британскиот премиер Џонсон разговараа телефонски за Источниот Медитеран и нападите на Ерменија врз Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и британскиот премиер Борис Џонсон разговараа телефонски за односите помеѓу двете земји и за актуелни регионални прашања на чело со случувањата во Источниот Медитеран и нападите на Ерменија врз Азербејџан

1499045
Претседателот Ердоган и британскиот премиер Џонсон разговараа телефонски за Источниот Медитеран и нападите на Ерменија врз Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, а меѓу темите на разговорот беа случувањата во Источниот Медитеран и нападите на Ерменија врз Азербејџан.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор претседателот Ердоган и британскиот премиер Борис Џонсон се осврнаа на прашањата со коишто ќе бидат развиени односите помеѓу Турција и Обединетото Кралство, а исто така ги разгледаа и регионалните прашања на чело со случувањата во Источниот Медитеран и нападите на Ерменија врз Азербејџан. 

Ердоган и Џонсон ја повторија својата одлучност по прашањето на зголемување на меѓусебната трговија и инвестирањата и постигнување на целта за трговски обем од 20 милијарди долари. Постигнаа согласност по прашањето на продлабочување и зајакнување на соработката помеѓу двете земји во сферата на одбраната за којашто постои голем потенцијал.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор истакна дека урамнотежениот (избалансиран) и непристасен став што го презентира Обединетото Кралство по прашањето на Источниот Медитеран, претставува заеднички интерес во поддржувањето на напорите за дијалог и соработка.

Осврнувајќи се и на вооружените судири коишто започнаа по нападите на Ерменија врз Азербејџан, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека за мирот и стабилноста во регионот Ерменија треба да се повлече од окупираните територии на Азербејџан, Нагорно Карабах и околните облсти.

 



Слични вести