Фахреттин Алтун: Агресивниот став на Ерменија претставува отворено кршење на Женевските конвенции

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун истакна дека агресивниот став на Ерменија претставува отворено кршење на Женевските конвенции, а воедно ги повика глобалните актери да покажат фер приод кон прашањето

1499537
Фахреттин Алтун: Агресивниот став на Ерменија претставува отворено кршење на Женевските конвенции

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека агресивниот став на Ерменија претставува отворено кршење на Женевските конвенции.

Алтун во врска со нападите на Ерменија врз Азербејџан упати повик до глобалните актери да покажат фер приод кон прашањето.

Нагласувајќи дека целта на Азербејџан е да ја обезбеди безбедноста на цивилното население и да ги ослободи сопствените окупирани територии, Фахреттин Алтун повтори дека Турција стои покрај Азербејџан.

Алтун ја повика меѓународната заедница да биде „фер“, а воедно укажувајќи на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) што ќе се одржи денеска го рече следното: „Упатуваме повик до глобалните актери да покажат фер приод по прашањето. Апсолутно не треба да се западне во грешката за изедначување на напаѓачот и оштетениот, во име на таканаречено постапување според принципот на непристрасност (неутралност) или во име на запазување на политичките рамнотежи.“

 

 



Слични вести