Чавушоглу: Овој проблем има единствено решение, Ерменија да се повлече од окупираните азербејџански територии

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со судирите помеѓу Ерменија и Азербејџан истакна дека проблемот помеѓу двете земји нема да се реши се додека Ерменија не се повлече од окупираните азербејџански територии

1499429
Чавушоглу: Овој проблем има единствено решение, Ерменија да се повлече од окупираните азербејџански територии

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу заедно и со потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Нуман Куртулмуш го посетија амбасадорот на Азербејџан во Анкара Хазар Ибрахим. 

Во дадената изјава по оваа посета Чавушоглу во врска со судирите коишто се водат помеѓу Азербејџан и Ерменија истакна дека проблемот помеѓу двете земји нема да се реши се додека Ерменија не се повлече од окупираните азербејџански територии.

„Овој проблем има единствено решение, Ерменија да се повлече од окупираните азербејџански територии. Се додека не дојде до тоа проблемот нема да се реши.“ - рече Чавушоглу.

Нагласувајќи дека добро се познати резолуциите на Обединетите нации (ОН) по прашањето на територијалниот интегритет и целовитоста на Азербејџан и дека и покрај тоа тројката на Групата Минск и општо Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) не фрлија одреден конкретен чекор во правец на тоа, Чавушоглу рече: "Веќе сакаме конкретно да се реши овој проблем. Ние како турски народ секогаш сме покрај братскиот азербејџански народ. Стоиме покрај Азербејџан на терен и на маса. Веќе сакаме да го решиме овој проблем од корен. И како турска дипломатија секаде на светот ќе продолжиме да стоиме покрај братски Азербејџан. Особено онаму каде што Азербејџан нема своја амбасада нашите претставништва ќе работат за Азербејџан."

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу воедно оствари телефонски разговор и со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов.



Слични вести