Бројот на неутрализираните терористи во операцијата „Молња-11“ кај Сиирт се зголеми на 5

Министерството за внатрешни работи соопшти дека бројот на неутрализираните терористи во рамките на операцијата „Молња-11“ во подрачјето на градот Сиирт се зголеми на 5

1499433
Бројот на неутрализираните терористи во операцијата „Молња-11“ кај Сиирт се зголеми на 5

Бројот на неутрализираните терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кај градот Сиирт во рамките на операцијата „Молња-11“, се зголеми на 5. 

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни се потсетува дека во рамките на операцијата започната на 11 септември вчера во вечерните часови во подрачјето на планината Херекол кај населеното место Первари кај градот Сиирт се неутрализирани четворица терористи. 

Во соопштението се вели дека во операцијата којашто продолжува е неутрализиран уште еден терорист и се додава следното: "На тој начин во подрачјето на планината Херекол кај Первари, Сиирт, вкупниот број на неутрализираните терористи се зголеми на 5."

Од друга страна, како резултат на активностите за убедување коишто се водени од страна на Министерството за внатрешни работи и генералната команда на жандармеријата двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предадоа на безбедносните сили во градот Мардин.



Слични вести