Благодарност од азербејџанскиот претседател Алиев до претседателот Ердоган за доставената поддршка

Портпаролот на претседателството на Азербејџан Хикмет Хаџиев истакна дека изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со случувањата на ерменско-азербејџанската фронтова линија, се дочекани со задоволство во Азербејџан

1499013
Благодарност од азербејџанскиот претседател Алиев до претседателот Ердоган за доставената поддршка

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за неговите изјави со поддршка на неговата земја Азербејџан против нападите на Ерменија.

Портпаролот на претседателството на Азербејџан Хикмет Хаџиев истакна дека изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на симпозиумот „Меѓународното поморско право и Источниот Медитеран“ во врска со случувањата на ерменско-азербејџанската фронтова линија, се дочекани со задоволство во Азербејџан. 

Велејќи дека азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му ја достави својата благодарност на претседателот Ердоган, Хаџиев рече: „Во првите чесови на реализираните напади на Ерменија, Турција на чело со Ердоган остро го осуди нападот и ја покажа својата апсолутна поддршка. Азербејџанскиот народ ја цени оваа поддршка.“

Хикмет Хаџиев потсети дека Турција беше земјата која најжестоко ја осуди Ерменија уште во првите минути и за време на реализираниот напад врз областа Товуз.

„И претседателот Алиев истакна дека Турција секогаш е покрај Азербејџан. Азербејџан и Турција во усогласеност со принципот 'еден народ, две држави“ презентираат солидарност по сите прашања и постојано без двоумење се поддржуваат меѓусебно.“



Слични вести