„Атакуле“ во Анкара во знак на солидарност со Азербејџан осветлена во боите на азербејџанското знаме
Во знак на солидарност со пријателскиот и братски азербејџански народ против нападите на Ерменија, синоќа кулата „Атакуле“ во Анкара беше осветлена во сина, црвена и зелена боја, боите на азербејџанското знаме

Кулата „Атакуле“, симболот на главниот град Анкара, во знак на изразување на солидарноста на Турција со Азербејџан, синоќа беше осветлена во боите на знамето на оваа братска земја.
Со цел испраќање на порака за единство, заедништво и солидарност со пријателскиот и братски азербејџански народ против нападите на Ерменија врз азербејџанските територии, синоќа „Атакуле“ беше осветлена во сина, црвена и зелена боја, боите на азербејџанското знаме.
На екраните на врвот на „Атакуле“ беше напишана пораката „Две држави, еден народ, Џан (срце) Азербејџан“, додека џиновските лед екрани во делот од купопродажниот центар на кулата беа развиорени турското и азербејџанското знаме.
Слични вести

Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.308.721
Во последните 24 часа беа остварени 180.303 тестови, а беа регистрирани 681 ново заболени