Алтун: Тврдењата дека турски авион Ф-16 соборил ерменски авион Су-25 се лажни

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун ги демантира ерменските тврдења околу тоа дека турски воен авион Ф-16 соборил ерменски воен авион Су-25 и го рече следното: „Ова е лажно тврдење“

1499642
Алтун: Тврдењата дека турски авион Ф-16 соборил ерменски авион Су-25 се лажни

На тврдењето на Министерството за одбрана на Ерменија во однос на тоа дека „воен авион Ф-16 на Турција соборил авион Су-25 во сопственост на Ерменија, во ерменскиот воздушен простор“, пристигна демант од Турција.

Додека продолжуваат вооружените судири помеѓу Азербејџан и Ерменија, од страна на властите во Ереван пристигна обвинување против Турција.

Ерменското министерство за одбрана наведе дека еден авион Ф-16 на Турција соборил авион Су-25 во сопственост на Ерменија.

Во соопштението се тврдеше дека „турски авион Ф-16 го погодил воениот авион Су-25 во ерменскиот воздушен простор, од азербејџанските територии.“

Портпаролот на ерменското министерство за одбрана Шушан Степанјан во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук тврдеше дека воениот авион во моментот кога бил погоден ја извршувал својата воена задача.

Ова тврдење на Ерменија беше демантирано и од страна на Министерството за одбрана на Азербејџан. 

Во име на Турција пак, пристигна соопштение од шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун кој го рече следното: „Ова е лажно тврдење.“



Слични вести