Собранието на Турција преку заедничко соопштение ги осуди ерменските напади врз Азербејџан

Четири политички партии кои располагаат со свои пратенички групи во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) објавија заедничко соопштение со кое и осудија нападите на Ерменија врз Азербејџан

1498876
Собранието на Турција преку заедничко соопштение ги осуди ерменските напади врз Азербејџан

Четири политички партии во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата), главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) и опозициските партии Партијата за национално движење (МХП) и Партијата ИЈИ, објавија заедничко соопштение со кое ги осудија нападите на Ерменија врз Азербејџан.

Во објавеното заедничко соопштение се истакнува дека се осудуваат нападите на Ерменија на 28 септември 2020 година со кои се прекршени прекинот на огнот во Нагорно Карабах и меѓународното право и со употреба на тешко оружје се реализирани напади врз азербејџанските цивилни населени места и азербејџанските војници.

 



Слични вести