Хулуси Акар: Ние сме покрај нашите азербејџански браќа во нивната одбрана на сопствените територии

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Ние сме покрај нашите азербејџански враќа во нивната одбрана на сопствените територии“

1498766
Хулуси Акар: Ние сме покрај нашите азербејџански браќа во нивната одбрана на сопствените територии

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со нападите на Ерменија врз азербејџанските цивилни населени места истакна дека Турција е покрај своите азербејџански браќа во нивната одбрана на сопствените територии.

Министерот Акар рече: „Ние сме покрај нашите азербејџански враќа во нивната одбрана на сопствените територии. Ерменија мора веднаш да ги запре своите напади, да ги врати назад своите платеници донесени од странство и терористите, и да ги напушти окупираните азербејџански територии. На тој начин треба да се отвори патот на прекинот на огнот, мирот и стабилноста.“

„Оние кои велат решение по мирољубиви патишта, оние кои бараат 'веднаш прекин на огнот', кои сега се сеќаваат на дијалогот, каде беа 30 години кога Нагорно Карабах и 20 отсто од Азербејџан беа под окупација, кога во Хоџали со варварство без признавање на право и правда беа масакрирани илјадници невини луѓе деца, жени, старци, кога милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите родни места.“ - запраша министерот за национална одбрана Хулуси Акар и го додаде следното: „Односите помеѓу Турција и Азербејџан се односи на 'две држави, еден народ'. Ние постојано сме едни и заедно во неволја и во радост.“



Слични вести