Ердоган: „Во Медитеранот не може да има мир ако праведно не бидат вклучени Турција и ТРСК“

Како во историјата така и денес, ние сме домаќини на овие простори, не сме гости

1498886
Ердоган: „Во Медитеранот не може да има мир ако праведно не бидат вклучени Турција и ТРСК“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:„Во Медитеранот не може да има мир ако праведно не бидат вклучени Турција и ТРСК“.

Во говорот на Симпозиумот на меѓународното поморско право и Источниот Медитеран што се одржа во Канцеларијата Долмабахче во Истанбул рече:

Турција е медитеранска земја.

Како во историјата така и денес, ние сме домаќини на овие простори, не сме гости. Секој потег, потфат и чекор што ќе бидат преземени во Медитеранот, директно се одразуваат врз безбедноста, правата и интересите на нашата земја.

Турција е на страната на мирот, соработката, правичноста и правдата во Медитеранот, а не на тензиите.

Како народ кој е наследник на Османлиската цивилизација и мирот во Медитеранот, бараме повторно да се воспостави  атмосферата на спокојство и мир на оваа географија. Проблемите и прашањата во Медитеранот можеме да ги решиме седнувајќи на заедничката маса на преговори, а не со изолирање на спротивната страна. Во Медитеранот не може да има мир ако праведно не бидат вклучени Турција и ТРСК. Особено ЕУ која не ја вреднуваше можноста за дипломатски преговори, за жал наведна глава пред барањата на разгалените Грција и Кипарско грчкиот дел. Дојдете повторно сите заедно Медитеранот да го претвориме во басен на мирот. Дојдете да ја искористиме оваа можност и да не ги извалкаме белите води на Медитеранот.



Слични вести