Ердоган: „Мирот во регионот ќе започне со повлекувањето на Ерменија од окупираните територии“

Турција со сите свои можности и сета душа е на страната на братски и пријателски Азербејџан

1498885
Ердоган: „Мирот во регионот ќе започне со повлекувањето на Ерменија од окупираните територии“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Мирот во регионот повторно ќе започне со повлекувањето на Ерменија од окупираните азербејџански територии“

Во говорот на Симпозиумот на меѓународното поморско право и Источниот Медитеран што се одржа во Канцеларијата Долмабахче во Истанбул, Ердоган уште еднаш ја осуди Ерменија која изврши наади на азербејџанските територии.

Во тој контекст претседателот Ердоган рече:

„Турција со сите свои можности и сета душа е на страната на братски и пријателски Азербејџан. Мирот и спокојството во регионот повторно ќе започнат со повлекувањето на Ерменија од окупираните азербејџански територии.

Дојде време да се оконча кризата којашто започна со окупацијата на планинското подрачје Нагрно Карабах. Со повлекувањето на Ерменија од окупираните азербејџански територии, во регионото повторно ќа завладее мир и спокојство. Сите евентуални обиди за наметнување и закани, освен тоа што ќе бидат напераведни и незаконски, исто така ќе продолжат да ја разгалуваат Ерменија. Последните случувања на сите влијателни земји во регионот им пружија шанса за вопоставување реални и праведни методи за решавање на проблемите. Се надеваме дека оваа можност максимално ќе биде искористена“.

Во освртот на тројката наречена Групата Минск составена од Америка, Русија и Франција, претседателот Ердоган рече дека 30 години не можат да го решат проблемот. Направија се што е во нивна можност да не се реши проблемот. Сега солат памет, повремено и се закануваат. Која е заканата? Дали Турција е присутна? Дали има турски војници? Сите оние кои што ги поставуваат овие прашања се истите кои што на нашата јужна страна, односно северна Сирија пренесоа илјадници камиони оружје и муниција. Сите оние коишто ги поставуваат овие прашања се истите коишто ја распарчаа (парцелизираа) северната страна на Сирија и формираа бази. Сите оние коишто ги поставуваат овие прашања се истите коишто заедно со коалиционите сили во Сирија се однесуваат како да се на свои територии. И сега без никаков срам доше и прашуваат: „Дали ове има турски војници? Дали од Турција се префрлува оужје на овие територии? Каква е таа логика, каков е тој ум. И што сега, зарем нашиот брат Илхам АЛијев ќе полага сметка за сето тоа. Впрочем околу 30 години ви поднесоа сметка. Дојдете да го решиме ова прашање. Да не ја пролонгираме оваа работа. Чии се териториите кои се окупирани? Тоа се територии на Азербејџан. Сите го прифаќате тоа, зарем не. Го прифаќате и фактот за Нагорно Карабах. Над еден милион луѓе со години живеат далеку од своите домови односно во Азербејџан. Додека окупаторте сеуште се таму. Ама никој не прашува сметка за тоа. Сега дојде време Азербејџан да праша за сметката, несомнено дека самата ќе мора да го пресече цехот за досегашните случувања“.



Слични вести