Претседателот Ердоган: Турскиот народ со сите своите можности стои покрај своите азербејџански браќа

Претседателот Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со нападот на Ерменија врз Азербејџан истакна дека турскиот народ како секогаш, така и денеска со сите свои можности стои покрај своите азербејџански браќа

1498061
Претседателот Ердоган: Турскиот народ со сите своите можности стои покрај своите азербејџански браќа

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави соопштение во врска со нападот на Ерменија врз Азербејџан.

Претседателот Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека (со последните напади на Ерменија) уште еднаш е покажано дека Ерменија е најголема закана за мирот и спокојството во регионот.

Претседателот Ердоган го напиша следното: „Ерменија која на своите напади врз Азербејџан додаде уште еден нов напад, уште еднаш покажа дека е најголема закана за мирот и спокојството во регионот. Турскиот народ како секогаш, така и денеска со сите свои можности стои покрај своите азербејџански браќа.“

„Меѓународната заедница која не покажува потребна и доволна реакција против провокативната агресивност на Ерменија, уште еднаш го покажала својот двоен стандард. И тројката на Групата Минск (Русија, САД и Франција) која приближно 30 години како го продолжува својот занемарувачки став, за жал е многу далеку од однесување со фокусирање на решението. Го покануваме ерменскиот народ да застане во одбрана на својата иднина против управата која го вовлекува во катастрофа и го користи како кукла. Го повикуваме целиот свет да заземе место покрај Азербејџан во борбата што ја води против окупацијата и зулумот.

Како што му реков на мојот брат претседателот на Азербејџан Илхам Алиев за чиј силен и одлучен став уште еднаш станав сведок за време на телефонскиот разговор што го остварив денеска со него, Турција со моттото 'еден народ, две држави' ќе ја продолжи својата солидарност со своите азербејџански браќа, со нејзино зајакнување.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести