Министерот Хулуси Акар: Со сите наши можности до крај ќе бидеме покрај нашите браќа азербејџански Турци

Министерот Акар ги осуди реализираните напади од страна на ерменските сили врз азербејџанската армија и азербејџанските цивилни населени места

1498048
Министерот Хулуси Акар: Со сите наши можности до крај ќе бидеме покрај нашите браќа азербејџански Турци

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар остваро телефонски разговор со азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов.

Министерот Акар ги осуди реализираните напади од страна на ерменските сили врз азербејџанската армија и азербејџанските цивилни населени места.

Хулуси Акар истакна дека Турција до крај ќе биде покрај Азербејџан во неговата борба за одбрана на својот територијален интегритет.

Министерот за наицонална одбрана Хулуси Акар во телефонскиот разговор беше информиран од страна на својот азеребејџански колега Закир Хасанов во врска со последната ситуација, а воедно го изрази своето сочувство за шехидите (загинатите) азербејџански браќа, а на ранетите им посака побрзо оздравување.

„Со сите наши можности до крај ќе бидеме покрај нашите браќа азербејџански Турци во нивната борба за одбрана на својот територијален интегритет.“ - рече Хулуси Акар.

 

 



Слични вести