Бројот на неутрализираните терористи во операциите „Молња“ се зголеми на 8

Министерството за внатрешни работи соопшти дека бројот на неутрализираните терористи во операциите „Молња“ во текот на вчерашниот ден се зголеми на 8

1497946
Бројот на неутрализираните терористи во операциите „Молња“ се зголеми на 8

Бројот на неутрализираните терористи вчера во рамките на операциите Молња, во југоисточниот дел на земјата, се зголеми на 8.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операцијата „Молња-1 Шехит жандармериски капетан Махмут Топ“ во  подрачјето на планината Габар кај градот Ширнак се неутрализирани уште тројца терористи.

На тој начин бројот на неутрализираните терористи во подрачјето на градот Ширнак се зголеми на 6, додека во рамките на операциите „Молња“ во текот на вчерашниот ден се неутрализирани вкупно 8 терористи.



Слични вести