Претседателот Ердоган: Турција со силна волја и непоколеблива верба продолжува да ги брани своите права во морињата

Претседателот Ердоган во објавената порака по повод 842. годишнина од победата на поморската битка кај Превеза истакна дека Турција со силна волја и непоколеблива верба продолжува да ги брани своите права и интереси во морињата

1497692
Претседателот Ердоган: Турција со силна волја и непоколеблива верба продолжува да ги брани своите права во морињата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод „Годишнината од победата на поморската битка кај Превеза и Денот на поморските сили“ во која истакна дека Турција со силна волја и непоколеблива верба продолжува да ги брани своите права и интереси во морињата.

Ердоган истакна дека извојуваната победа од страна на омсналиската флота под команда на Барбарос Хајреттин Паша во поморската битка кај Превеза во 1538 година против флотата на крстоносците, е едната од најзначајните пресвртници во историјата на турското морепловство.

Велејќи дека со поморската победа кај Превеза (пристанишен град во денешна северозападна Грција) е зацврстена власта на Османлиската држава Средпземното Море и турската флота му ја покажа свиојата сила на целиот свет, претседателот Ердоган рече: „Историјата забележала дека во сите мориња во кои владееја нашите морепловци владееја мирот, спкојството и правдата. Нашите поморски сили располагаат со минато исполнето со бројни победи како што е поморската победа кај Превеза и ние сме горди поради тоа што со зајакнување на ова големо преземено наследство го пренесуваат во иднината.“

Ердоган напомена дека настаните коишто се доживуваат во последно време во светот и особено во Средоземното Море покажуваат дека исто како и во секоја сфера треба да се биде многу посилен и во морињата.

„Свесни за тоа колку е значајна одбраната на нашата Сина татковина, со силна волја и непоколеблива верба продолжуваме да ги браниме нашите права и интереси во нашите мориња. Како една од 10-те земји во светот кои денеска со свои сопствени национални можности можат да ги дизајнираат, градат и одржуваат своите воени бродови, проодлжуваме да ги зајакнуваме нашите поморски сили за одбрана на нашата Сина татковина, да обезбедиме нашите пријатели да бидат сигурни и за искористување како сила на одвраќање против оние кои имаат претензии кон нашите права.“ 

Во меѓувреме, и министерот за национална одбрана Хулуси Акар во објавената порака по повод одбележувањето на 482. годишнина од победата на поморската битка кај Превеза истакна дека случувањата до коишто доаѓа во последно време во Источниот Медитеран покажуваат дека е од животно значење да се располага со модерна и силна поморска сила.

Министерот Акар во својата порака го истакна следното: „Со ставање во примена на проектите на новите поморски системи на нашата одбранбена индустрија, а пред се на проектот МИЛГЕМ (програмата на национален воен брод на Турција, националниот брод) нашите поморски сили ќе се стекнат со уште поголема сила. Со елан и одлучност ќе продолжиме да ги браниме нашите права, релевантности и интереси во сите мориња, а пред се во Егејското Море, Источниот Медитеран и Црното Море.“



Слични вести