Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со молдавискиот претседател Додон

Двајцата претседатели во телефонскиот разговор ги разгледаа прашањата со коишто ќе бидат развиени односите помеѓу Турција и Молдавија и ќе биде зајакната соработката

1497565
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со молдавискиот претседател Додон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Молдавија Игор Додон.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор помеѓу двајцата претседатели беа разгледани прашања со коишто ќе бидат развиени односите помеѓу Турција и Молдавија и ќе биде зајакната соработката.

Претседателот Ердоган истакна дека се одлучни да ги развијат односите помеѓу Турција и Молдавија во секоја сфера во усогласеност со сфаќањето на стратешко партнерство. 



Слични вести