Турските командоси на северот на Ирак запленија оружје, муниција и материјали на терористите

Турските командоси во областа Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак пронајдоа оружје, муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите

1497307
Турските командоси на северот на Ирак запленија оружје, муниција и материјали на терористите

Во северниот дел на Ирак се пронајдени оружје, муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, во северниот дел на Ирак продолжуваат активностите за пребарување на теренот против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Турските командоси кои реализираат активности за пребарување на теренот и извидување пронајдоа големи количини оружје и муниција на терористичката организација.

 Во рамките на овие активности се пронајдени 5 пештери/засолништа на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во кои се запленети 4 пешадиски пушки АК-47, пешадиска пушка М-16, рачен минофрлач РПГ-7, 7 рачни бомби, 47 парчиња муниција за АК-47, 17 шаржери за АК-47, 2 шаржери за М-16, извор за моќ на експлозив од рачна изработка, апарат за ноќно набљудување,  фотографски апарат, токи-воки, термален чадор и големи количини материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.



Слични вести