Турската крајбрежна стража во близина на Чешме кај Измир спаси 10 мигранти

Спасени се 10 мигранти за кои е установено дека откако од страна на грчката крајбрежна стража во близина на Чешме биле турнати назад кон турските територијални води, а потоа биле одвлечени и чекале на малото островче Сунѓукаја

1496998
Турската крајбрежна стража во близина на Чешме кај Измир спаси 10 мигранти

Турската крајбрежна стража од водите на Егејското Море во близина на населеното место Чешме кај градот Измир спаси10 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води. 

Според објавенто соопштение од Командата за крајбрежна стража, спасени се 10 мигранти за кои е установено дека откако од страна на грчката крајбрежна стража во близина на Чешме биле турнати назад (присилно вратени назад) кон турските територијални води, а потоа биле одвлечени и чекале на малото островче Сунѓукаја.

Спасените мигранти беа изнесени на копно и по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на Управата за миграција во Измир.



Слични вести