Советот за национална безбедност: Турција нема да отстапи од своите права и интереси на копно, море и во воздух

На крајот на состанокот на Советот за национална безбедност е објавено соопштение во кое се истакнува дека и во иднина нема да се направи отстапка од одбраната на правата и интересите на турскиот народ на копно, море и во воздух

1496903
Советот за национална безбедност: Турција нема да отстапи од своите права и интереси на копно, море и во воздух
MGK TOPLANTISI 1.jpg
MGK TOPLANTISI.jpg

По одржаниот состанок на Советот за национална безбедност (МГК или MGK) во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара, под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, е објавено соопштение во кое се истакнува дека и во иднина нема да се направи отстапка од одбраната на правата и интересите на турскиот народ на копно, море и во воздух.

Во соопштението се истакнува дека се доставени информации до Советот за национална безбедност во врска со операциите коишто се водат успешно внатре во границите на земјата и надвор преку границата притив сите терористички организации на чело со ПКК/КЏК-ПЈД/ЈПГ, ФЕТО и ДЕАШ, кои и се закануваат на националното единство, заедништвото и постоењето на Турција.

Се вели дека се разгледани и активностите на актерите кои се обидуваат да ја зголемат затегнатоста преку разликите во ставовите во врска со поморските сфери на надлежност во Источниот Медитеран и се изнесува следната констатација: „Уште еднаш е изнесено дека турскиот народ како досега така и во иднина нема да отстапи по прашањето на одбраната на своите копнени, поморски и воздушни права, релевантности и интереси. Повикани се на здрав разум земјите кои делуваат спротивно на меѓународното право и договорите, на чело со наоружувањето на островите со демилитаризиран статус, изнесено е дека Турција на секоја платформа и првенствено е на страната на дијалог по прашањето на праведното споделување на природните извори во регионот.“

Во соопштението се вели и следното: „Истакнато е дека Турција која во секој регионален и глобален спор секогаш зазема место покрај правото, праведноста и правдата, ги реализира во иста рамка и своите ставови и дејствија во Источниот Медитеран, е упатен повик до сите институции и државите вклучени во споровите а пред се до Европската унија (ЕУ) да ги почитуваат овој принципиелен став на нашата земја и правата и интересите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).“

„Истакнато е дека Турција која во рамките на легитимноста ги поддржува борбата против тероризмот и воспоставувањето на стабилноста во Сирија и Либија, ќе го продолжи својот став во правец на стекнувањето на овои земји соо мир и просперитет. Воедно е поканета и меѓународната заедница да фрли конкретни чекори против илегалните формации кои насилно ги одземаат слободите и изворите на угнетените народи, како и против терористичките организации и актерите од чија страна се поддржуваат.“ - стои во објавеното соопштение на крајот на вчерашниот состанок на Советот за национална безбедност  МГК или MGK) што се одржа под претседателот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести