Реакција од Чавушоглу на зборовите на Пелоси во врска со Турција: Ќе научите да ја почитувате волјата на турскиот народ

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу го истакна следното: „Доаѓањето на должност на Пелоси, со нејзиното примарно однесување, загрижува всушност во име на американската демократија. Ќе научите да ја почитувате волјата на турскиот народ.“

1497269
Реакција од Чавушоглу на зборовите на Пелоси во врска со Турција: Ќе научите да ја почитувате волјата на турскиот народ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во споделените објави на својот профил на социјалната мрежа Твитер ѝ на англиски ѝ на турски јазик покажа реакција против зборовите коишто претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД) Ненси Пелоси ги употреби во врска со Турција.

Чавушоглу го истакна следното: „Доаѓањето на должноста претседателка на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, на Пелоси, со нејзиното примарно однесување, загрижува всушност во име на американската демократија. Ќе научите да ја почитувате волјата на турскиот народ.“ 

Мевлут Чавушоглу овие свои објави освен на турски ги сподели и на англиски јазик при што ги прикачи и Твитер профилите на Ненси Пелоси и на американскиот претседател Доналд Трамп.

Инаку, откако американскиот претседател Доналд Трамп избегна да одговори на прашањата „Дали на мирен начин ќе ја предаде должноста доколку изгуби на изборите“, претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот (како законодавна власт) на Соединетите Американски Држави (САД) Ненси Пелоси покажа реакција со зборовите: „Почитуван претседателе, морам да ве потсетам дека не се наоѓате во Северна Кореја, Русија, Турција или Саудиска Арабија. Се наоѓате во САД, со кои управува демократијата“.

Освен тоа, Пелоси изнесувајќи ги како пример рускиот претседател Владимир Путин, северно-корејскиот лидер Ким Јонг-ун и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, ги употреби и следните зборови: „Трамп им се восхитува на оние кои ја продолжуваат својата улога во владата.“

 



Слични вести