Претседателот на Собранието Шентоп ја прими претседателката на Интерпарламентарната унија Барон

Приемот се одржа во работната канцеларија на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во Истанбул, а во рамките на прошталните посети на претседателката на Интерпарламентарната унија Габриела Куевас Барон

1497363
Претседателот на Собранието Шентоп ја прими претседателката на Интерпарламентарната унија Барон

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп се состана со мексиканската пратеничка претседателката на Интерпарламентарната унија Габриела Куевас Барон.

Шентоп ја прими Барон во својата работна канцеларија на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) во Истанбул, а која инаку ги продолжува своите проштални посети поради истекот на најзиниот мандат како претседателка на Интерпарламентарната унија. 

Инаку, Габриела Куевас Барон и во изминатите денови го посети Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) кадешто учествуваше на промотивната програма "Книгата на 130-годишнината" која беше отпечатена од страна на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), а по повод 130-годишнината од формирањето на Интерпарламентарната унија (PAB).



Слични вести