Продолжува напнатото исчекување на ерменско-азербејџанската контакт линија

ерменската војска во последните 24 часа 69 пати го прекрши примирјето со истрелување истрели од страна на митралези и снајперите

1496494
Продолжува напнатото исчекување на ерменско-азербејџанската контакт линија

Продолжува напнатото исчекување на ерменско-азербејџанската контакт линија по чија должина Ерменија продолжува со нападите и провокациите на Азербејџан.

Иако во подрачјето Товуз во кое на почетокот на неделата повторно беа разгорени судирите како и подрачјата кои се наоѓаат под ерменска окупација по должината на линијата на фронтот нема жестоки судири, ерменските сили продолжуваат со провокативните истрели.

Според соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан, ерменската војска во последните 24 часа 69 пати го прекрши примирјето со истрелување истрели од страна на митралези и снајперите.

Азербејџанската армија скоро секој ден одржува воени вежби со цел да ја држи спремно борбената сила на војската и спремно ги чека новите евентуални напади и провокации.

Ерменската војска на 12 јули изврши напади на азербејџанските позиции вклучувајќи ги и топовските истрели, додека како последица на огнот што го отвори азербејџанската војска, ерменските војници беа принудени да се повлечат со загуби.

Во судирите загинаа 1 генерал-мајор и 12 војници на азербејџанската војска.

По повторното разгорување на судирите на 21 септември, загина еден азербејџански војник, а еден војник беше повреден.

Азербејцанската војска сруши едно беспилотно летало на Ерменија кое врешеше извиднички летови.



Слични вести