Ердоган оствари телефонски разговор со Столтенберг

Главна тема на разговорот беа случувањата во Источниот Медитеран и односите меѓу Турција и НАТО

1496205
Ердоган оствари телефонски разговор со Столтенберг

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации при кабинетот на претседателот беше истакнато дека главна тема на разговорот беа случувањата во Источниот Медитеран и односите меѓу Турција и НАТО.

Претседателот Ердоган на средбата истакна дека Турција е на страната за намалување на тензиите во Источниот Медитеран и дијалог и дека тоа го стори на јасен и отворен начин, а не само со реторики.

Покрај зголемувањето на напнатоста и провокациите од страна на Грција, Турција не се откажа од разумниот и ладнокрвен став во однос на прашањето. Текот на истражувачките разговори којшто е прогласен ќе го определат чекорите коишто ќе гри фрли Грција за омекнување на тензиите, рече претседателот Ердоган.

Турција со задоволство ги пречека конструктивните напори на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за решавање на Источномедитеранскиот проблем. Турција уште од самиот почеток изрази почит кон напорите за разградување на проблемот со Источниот Медитеран и искрено г подржува напорите за постигнување компромис.

Турција смета дека напорите за разградување на проблемот од страна на НАТО се многу блиски до постигнувањето компромис рече претседателот Ердоган потенцирајќи дека солидарноста со НАТО и Турција има големо значење во решавањето на регионалните проблеми.

 



Слични вести