Ердоган оствари средба со Лејен

На средбата беа разгледани односите меѓу Турција и ЕУ и регионалните прашања.

1496203
Ердоган оствари средба со Лејен

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари средба преку видео конференција со претседателката на Европската комисија Урсула Вон Дер Лејен.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации при кабинетот на преседателот беше истакнато дека на средбата која траеше 40 минути беа разгледани односите меѓу Турција и ЕУ и регионалните прашања.

Претседателот Ердоган на средбата рече дека во основата на Источно Медитеранскиот проблем лежат максималистичките тврдења на Грција и Кипарско грчкиот дел, како и желбата да се игнорираат правата на Турција и Кипарските Турци.

Турција уште од самиот почеток е на страната за дијалог за решавање на проблемите и спремна е за одржување истражувачки средби со Грција рече претседателот Ердоган порачувајќи дека Грција не треба повторно да ја испушти оваа прилика која и е овозможена на дипломатијата.

Претседателот Ердоган во продолжение рече дека преземањето конкретни чекори во полето на обновувањето на Договорот за бегалците меѓу Турција и ЕУ од 18 март, зајакнувањето на Царинската унија и обезбедувањето визна либерализација за турските граѓани ќе овозможат односите да се развиваат на цврста основа.

Претседателот Ердоган на средбата уште еднаш го повтори повикот за праведна распределба на товарот и одговорноста во врска со бегалците, предупредувајќи дека ЕУ треба да преземе конкретни чекори и во врска со туркањето на бегалците од страна на Грција и Европската Агенција за заштита на гарниците Фронтекс.



Слични вести