Фахреттин Алтун: Турција под лидерство на претседателот Ердоган секогаш е на страната на дипломатијата

На отворањето на видео-конференцијата говореше шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун кој истакна дека Турција секогаш е на страната на дипломатијата и дека треба да се намали затегнатоста во Источниот Медитеран

1496797
Фахреттин Алтун: Турција под лидерство на претседателот Ердоган секогаш е на страната на дипломатијата

Од страна на Одделот за комуникации на претседателството се одржа „Меѓународна конференција за Источниот Медитеран“ на кој беше разговарано за визијата на Турција за правичност и соработка во Источниот Медитеран и влијанието на ова на меѓународниот систем.

На отворањето на видео-конференцијата говореше шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун кој истакна дека Турција секогаш е на страната на дипломатијата.

Велејќи дека некои поранешни колонијални сили Источниот Медитеран го сметаат како „место на раѓање на новите империи“, Алтун рече: „Другите овие простори ги оценуваат како 'следна точка на глобален судир'. Источниот Медитеран, за Турција пак, претставува дел од нашата Сина татковина.“

Фахреттин Алтун напомена дека Турција во последните месеци му даде мошне јасна порака на светот и продолжи со следните зборови: „Знаеме дека меѓународното право е покрај нас. Знаеме добро дека оној чиј глас се слуша најмногу секогаш не е во право. Ете поради тоа, Турција, под лидерство на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган, секогаш е на страната на дипломатијата.“

Алтун рече дека со одлучноста на претседателот Ердоган и помошта на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел е отворена простор за дијалогот и дипломатијата.

Тој истакна дека чувствуваат задоволство од создадената можност за започнување на експлораторските (истражувачките) разговори со Грција и рече дека впрочем дипломатијата секогаш е правилниот пат.

„Во наредниот период треба да ја намалиме затегнатоста во Источниот Медитеран, треба заедно да го зачуваме интензитетот којшто е создаден за праведно и трајно решение. Нашиот следен чекор за зголемување на овој интензитет, е свикување на регионална конференција којашто ќе ги опфати и кипарските Турци. Ова е единствениот пат за производство на решенија добивај-добивај и за ставање на изворите на регионот во услуга на мирот.“ - порача шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун.

Алтун воедно наглади дека се надеваат оти ќе се намали затегнатоста и регионот ќе се претвори со басен на мир и стабилност.



Слични вести