Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак запленети големи количини муниција на терористите

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека успешно продолжува операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) против терористичките цели во северниот дел на Ирак

1496132
Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак запленети големи количини муниција на терористите

Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак, во засолништа и пештери на сепаратистичко-терористичката организација ПКК се пронајдени муниција меѓу и експлозивни направи од рачна изработка и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека успешно продолжува операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) против терористичките цели во северниот дел на Ирак.

Во соопштението се вели дека во рамките на активностите за пребарување на теренот во утврдените засолништа и пештери од страна на турските командоси се запленети 10 експлозивни направи од рачна изработка, 3 уреди за рачно изработени експлозиви, 4 транати за хаубици, 1 нишанска цевка за хаубица, 1 нишан за минофрлач, 2 фишеци за рачен минофрлач РПГ-7,81 чаура за муниција, 1 двоглед, 1 токи-воки, 1 пауер банк со сончева енергија, 1 дупчалка, 1 шатор со четири простории и 800 литри течно гориво, како и големи количини материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Од друга страна, во реализирана операција во Амасја пред извесно време во координација со полициската служба од градот Ерзинџан е неутрализиран и фатен при обид да реализира самоубиствен напад со рачна бомба терористот под кодно име „Бавер-Чектар“ саботажер на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кој се наоѓа во списокот на барани терористи од категоријата означени со портокалова боја. 

Фатениот терорист беше изнесен пред суд и потоа беше уапсен и ставен во затвор.

 



Слични вести