Столтенберг: Постигнат добар напредок во разговорите помеѓу Турција и Грција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенбер информира дека е постигнат добар напредок во техничките разговори помеѓу Турција и Грција

1496041
Столтенберг: Постигнат добар напредок во разговорите помеѓу Турција и Грција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во дадената изјава по остварената средба со шпанскиот премиер Педро Санчез во седиштето на НАТО во белгискиот главен град Брисел, потсети дека досега се одржани неколку состаноци помеѓу Турција и Грција за определување на методите за разградување и за спречување на непожелните настани и несреќи во воздухот и морето во Источниот Медитеран. 

Столтенберг информира дека е постигнат добар напредок во техничките разговори помеѓу Турција и Грција.

Тој рече: „Овие состаноци продолжуваат. Постигнат е добар напредок.“

Нагласувајќи дека состаноците се од видот на воени технички разговори, Столтенберг наведе дека овие разговори се во комплементарно својство на дипломатските напори коишто ги води Германија по прашањето на решавање на недоразбирањата.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека напорите на Германија вчера обезбедија Турција и Грција да се договорат по прашањето на повторно започнување на експлораторските (истражувачки) разговори.

Столтенберг го изрази задоволството од тоа и рече дека ќе проодлжат да бидат во близок контакт со турските и грчките лидери.



Слични вести