Шпанија им честита на Турција и Грција за постигнатиот договор за започнување со разговори

Министерството за надворешни работи на Шпанија истакна дека шпанската Влада ги дочекува со задоволство изјавите на турските и грчките влади во врска со одлуката за повторно започнување на билатералниот дијалог во рамките на експлораторските разговори

1496156
Шпанија им честита на Турција и Грција за постигнатиот договор за започнување со разговори

Владата на Шпанија им честита на Турција и Грција за постигнатиот договор за започнување со експлораторските (истражувачки) разговори.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Шпанија се истакнува следното: „Шпанската Влада ги дочекува со задоволство изјавите на турските и грчките влади во врска со одлуката за повторно започнување на билатералниот дијалог во рамките на експлораторските (прелиминарни, истражувачки) разговори.“

Шпанската Влада им се заблагодари за напорите коишто ги вложија во правец на започнување на разговорите помеѓу Турција и Грција, на Германија како претседавач со Европската унија (ЕУ), претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносни прашања Жозеп Борел и на потпретседателот на Европската комисија (ЕК) Франс Тимерманс, а воедно нагласи дека секогаш им се дава активна поддршка на овие напори кои почнаа да ги даваат своите плодови. 

Во соопштението на Владата на Шпанија воедно се додава следното: „Шпанија се надева дека овој значаен чекор којшто е фрлен од страна и на двете земји ќе помогне во намалувањето на затегнатоста во Источниот Медитеран.“



Слични вести