Претседателот Ердоган разговараше телефонски со францускиот претседател Макрон

Во остварениот телефонски разговор на барање на францускиот претседател Емануел Макрон беа разгледани односите помеѓу Турција и Франција, меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и регионалните случувања на чело со Источниот Медитеран

1495543
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со францускиот претседател Макрон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на претседателството, во разговорот којшто беше остварен на барање на францускиот претседател Макрон беа разгледани односите помеѓу Турција и Франција, меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и регионалните случувања на чело со Источниот Медитеран.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор со својот француски колега Макрон укажа на тоа дека причината за затегнатоста во Источниот Медитеран е негирањето (сметањето за ништовни) на легитимните права на Турција и кипарските Турци во регионот и истакна дека не може да и придаде смисла на поддршката на Франција на максималистичките тврдења и чекори на Грција и Јужниот кипарско-грчки дел коишто ја покачуваат тензијата.

Нагласувајќи дека Турција нема претензии кон никоја земја, но дека нема да дозволи да и бидат одземени и нејзините сопствени права, Ердоган рече дека исто како и секогаш и денеска за решавање на проблемите застануваат во одбрана на дијалогот и соработката.

Претседателот Ердоган подвлече дека за намалување на тензијата треба да се искористат дипломатските можности и да се стават во примена одржливите процеси на преговори и дека посакуваат за сите проблеми да се разговара и да се изнајде решение на преговарачка маса.

Тој напомена дека во овој процес очекуваат здрав разум и конструктивен став и од Франција и дека е во полза постојано да профункционира механизмот на консултација и комуникација помеѓу Турција и Франција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во остварениот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека значајно од аспект на можностите за решавање на регионалните прашања е и од Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) да произлезе и конструктивен дијалог во врска со Турција и приод којшто ќе ја поттикнува соработката.



Слични вести