Претседателот Ердоган ќе одржи разговори со Урсула фон дер Лејен и Јенс Столтенберг

Претседателот Ердоган денеска најпрвин ќе одржи видео-конференциска средба со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, а потоа ќе оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

1495968
Претседателот Ердоган ќе одржи разговори со Урсула фон дер Лејен и Јенс Столтенберг

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска најпрвин ќе одржи видео-конференциска средба со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, а потоа ќе оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Продолжуваат дипломатските активности на претседателот Ердоган.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган денеска во 16:30 часот по турско време најпрвин ќе одржи видео-конференциска средба со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен.

Потоа, претседателот Ердоган во 18:00 часот ќе оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.



Слични вести